еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

53% од граѓаните се за влез во ЕУ, 55,8% сметаат дека односот на Унијата кон Македонија е нефер

Мнозинството граѓани во земјава сметаат дека влезот во Европската Унија е добра работа и дека Унијата е најдобра алтернатива за државата, но исто така мнозинството смета и дека односот на ЕУ кон Македонија е нефер, надмен и уценувачки.

На денешната презентација на резултатите од спроведената анкета Еврометар 2023, Димитар Николовски, од Евротинк – Центар за европски стратегии посочи дека и покрај зголемениот скептицизам во врска со влезот на земјава во ЕУ, 53 проценти од испитаниците се согласуваат дека влезот во ЕУ е добра работа за земјава, споредено со 49 отсто во 2022 година, додека 30 проценти не мислат така.

На прашањето „Каков е односот на ЕУ кон Северна Македонија”, 55,8 проценти сметаат дека односот на ЕУ е нефер (65 отсто во 2022), надмен и уценувачки, наспроти 27,5 отсто кои рекле дека односот на ЕУ е фер, пријателски и коректен (17 отсто во 2022).

За 60,8 проценти од испитаниците ЕУ е најдобра алтернатива за земјава, што е раст од 2 проценти во однос на 2022 година кога вака одговориле 58 проценти, наспроти 35,6 отсто, кои сметаат дека земјта треба да бара сопствен модел за развој надвор од ЕУ (33 отсто во 2022).

Вкупно 30 проценти од испитаниците мислат дека земјава никогаш нема да влезе во ЕУ, наспроти 12 проценти кои сметаат дека тоа ќе се случи за 5-9 години.

Над 56 проценти од граѓаните сметаат дека во земјава нема демократија, што е подобрување за 5 проценти во однос на минатата година, кога 61 процент од граѓаните одговориле негативно на прашањето „Дали Северна Македонија е демократска земја”, покажуваат резултатите од спроведената анкета Еврометар 2023.

Над половината од граѓаните сметаат дека генерално, работите во државата се движат во погрешна насока, наспроти една петтина, кои рекле дека се движи во многу добра насока. Ова е намалување на општото незадоволство на граѓаните во однос на 2022, кога 72 отсто рекле дека земјата се движи во погрешна насока.

На прашањето „Генерално, во каква насока се движат работите во Северна Македонија”, 54,4 проценти одговориле со 1 (целосно погрешна наоска), со 2 одговориле 8,3 отсто, со 3 одговориле 20,7 проценти, со 4 одговири 3 проценети, со 5 (многу добра насока) одговориле 12,6 отсто.

Има подобрување во бројот на граѓани кои сметаат дека државата се движи во добра насока, каде 15,6 отсто одговориле со 4 и 5, наспроти 9 отсто во 2022 година. Сепак, останува генералниот тренд на намалување, од 36,1 проценти во 2014 година, кои сметале дека државата се движи во добра насока.

Анкетата Еврометар 2023, е спроведена во текот на септември 2023 година на репрезентативен примерок од 1.003 испитаници, од страна на агенцијата БРИМА на повеќестепен стратификуван случаен примерок на популација 18+ години, дизајниран според податоците објавени од Државниот завод за статистика и се базира на податоци од Пописот 2021.

Испитувањето на јавното мислење е спроведено во рамки на проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ со финансиска поддршка од Европската Унија. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија е најголема закана за Македонија, покажува анкетата Еврометар 2023

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најстрога казна за сите обвинети за несреќата кај Ласкарци во која загинаа 16 лица побара Обвинителството

Редакција

Топ пет најплатени професии: Програмерите убедливо на врвот

Редакција

(ВИДЕО) Сами се бодрат пеејќи: Емотивни снимки од кинескиот град Вухан кој е во карантин поради коронавирусот

Редакција