еМагазин
Image default
Бизнис

Јавниот долг на крајот од минатата година 5,2 милијарди евра, државниот долг 4,3 милијарди евра

На денешната седницата, Владата го усвоила Годишниот извештај за управување со јавниот долг на државата за 2018 година и го достави до Собранието.

„Јавниот долг на Република Северна Македонија на крајот на 2018 година изнесува 5,2 милијарди евра што претставува 48,5 отсто во однос на БДП.

Државниот долг на Република Северна Македонија на крајот на 2018 година изнесува 4,3 милијарди евра односно 40,5 посто во однос на БДП.

Со ова ниво на државен долг, Република Северна Македонија и понатаму останува умерено задолжена земја со државен долг кој е далеку понизок од просечното ниво на долг на земјите на ЕУ, кој на крајот на 2018 година изнесува 80,8 отсто, се наведува во соопштението од Владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Секјурити груп сервисис“ го доби тендерот за обезбедување на кампусот на УКИМ вреден 76.000 евра

Редакција

Во пресрет на Велигден: Италијанците купуваат македонско јагнешко по багателни цени

Редакција

Топ 5 најголеми должници на новата Листа на должници на УЈП

Редакција