еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Јавниот долг во првиот квартал 54,9% од БДП

Дополнителни 2,2 процентни поени намалување забележа јавниот долг. Денеска објавените податоци покажуваат дека заклучно со првиот квартал од 2022 година јавниот долг се спушти на ниво од 54,9 отсто од бруто-домашниот производ (БДП). Истовремено, намалување е забележано и кај државниот долг кој на крајот на март изнесува 46,8 отсто и е за 1,9 процентни поени понизок, соопшти Министерството за финанси.

Оттаму наведуваат дека дополнителното намалување на јавниот долг е потврда за добро поставената фискална политика и доброто управување со јавните финансии, особено што тоа е евидентирано во период на криза.

Фискалната политика останува на определбата за натамошна консолидација и реструктуирање на јавните расходи со постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг.

– Клучни елементи на фискална политика во наредниот период се редизајнирањето и подобрената структура на јавните финансии, преку зголемено учество на капиталните расходи, како и етапната фискална консолидација.

Буџетскиот дефицит во 2020 година изнесуваше 8,2 отсто од БДП, во 2021 година 5,4 отсто од БДП. Годинава продолжува тој тренд на намалување. Во првите четири месеци, односно јануари-април 2022 година остварен е за 44 отсто помал дефицит во однос на тој период минатата година, велат од министерство за финанси.

Воедно, министерството за годинава е проектиран дефицит од 5,3 отсто од БДП, 4,2 отсто во 2023 година, 3,6 отсто во 2024 година, 3,2 отсто во 2025 година, 3,0 отсто во 2026 година и 2,8 проценти во 2027 година.

Истовремено, како што велат од Министерството останува определбата за натамошно намалување на јавниот долг и негово спуштање под Мастришкиот критериум од 60 отсто од БДП. Согласно ревидираната Стратегија за управување со јавниот долг, на среден рок, според Министерството до 2027 година јавниот долг ќе се стабилизира и ќе се намали на 56,6 отсто, додека државниот долг ќе се сведе на 50,2 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомакедонија“ го доби тендерот за набавка на возила на АД за стопанисување со деловен простор вреден 52.000 евра

Редакција

Сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови, велат од ТАВ Македонија

Редакција

УЈП: Граѓаните да ја сменат трансакциската од Еуростандард банка во апликацијата МојДДВ со валидна сметка

Редакција