еМагазин
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Како да пресметате колку ќе плаќате струја со воведување на новиот тарифен модел

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на наредната недела ќе одржи уште една јавна дебата за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач по што ќе ги дефинира рамките на опсегот на четирите блок тарифи за високата дневна тарифа на електричната енергија и ќе се донесат измените на тарифниот систем, најави денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Калкулаторот од денеска е достапен на веб страницата на РКЕ, www.erc.org.mk и со него секој граѓанин може да направи споредби за сметките меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа на потрошена струја.

-Со калкулаторот секој потрошувач може да си провери што би значело потрошувачка во блокови, а што би значело постојна ситуација и при тоа самиот калкулатор ќе покажува кава е разликата, истакна Бислимоски.

Професорот Рубин Талески од ФЕИТ посочи дека во забелешките се бара значително промена на границите на блоковите и додаде дека со постојниот модел со четири блока нема да се зголемат сметките за потрошувачите што трошат до 850 киловат часови струја месечно.

Како што истакна согласно пресметките на Машински факултет за загревање на просечен стан од 60 квадратни метри по сезона просечно се потребни 6.500 киловат часови електрична енергија доколку се грее со термо печка или греалки, ако е на колективна топлинска пумпа околу 2.150 киловат часови, а со инвертер клима околу 2.400 киловат часови.

-При тоа потрошувачката не е исто распоредена во сите месеци, туку е најголема во декември, јануари и февруари кога потрошувачите согласно сегашниот модел би биле во втората и делумно би влегле во третата блок тарифа.

Доколку се во првата блок тарифа би плаќале пониски сметки отколку по постојниот тарифен систем, ако се во втората речиси исти, а во третата и четвртата повисоки, посочи Талески.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителот Пеливанов бара обвинетите во „Меѓународен сојуз“ да се прогласат за виновни

Редакција

Четири месеци откако почина, Јана ја „доби“ долгата судска битка што ќе ѝ дадеше шанса да се лекува во странство

Редакција

Забрани за движење за младите до 18 години и за постарите од 67 години

Редакција