еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Автомат клубовите „Астра“ донираа медицинска опрема вредна 20.000 евра на Општата болница во Охрид

ЈЗУ Општата болница во Охрид доби 10 електрични кревети како донација, во износ од 20.000 евра од автомат клубовите „Астра“. Оваа донација е дел од  хуманитарната акција на компаниите од Групацијата „Новоматик“ во Македонија.

Станува збор за акција каде членките на групацијата „Новоматик“ донираат потребна медицинска опрема на здравствени установи во државата кои се соочуваат со борбата против Ковид-19 вирусот.

Како компанија автомат клубовите „Астра“ веруваат дека овој предизвик може да се надмине заеднички, со несебична помош и поддршка онаму каде што е потребно, бидејќи се бориме за заедничка цел, зачувување на нашето колективно здравје.

„Креветите се хидраулични со промена на положбата на телото на потребите на пациентот и се наменети за интерното одделение кое е најфреквентно одделение во Општа Болница Охрид и регионален центар за општа интернистичка патологија со посебни соби за изолација за сомнителни недокажани пациенти од различна патологија кои се поврзани со Ковид-19“, изјави д-р. Горан Балевски, директор на болницата.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка со нова промотивна кампања за кредити за физички лица

Редакција

Отворен ден во Цементарница УСЈЕ под мотото „Одржливост, партнерство, развој“

Редакција

(Фото) Поштенска марка со ликот на папата, во чест на неговата прва посета

Редакција