еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип ќе стане „Гоце Делчев“ најрано во ноември

На автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип се уште нема поставено табли со неговото име „Гоце Делчев“.

Од Владата за еМагазин, објаснуваат дека во тек е процедура за истите.

„Јавното претпријатие за државни патишта е во постапка за распишување на јавна набавка за докомплетирање на сообраќајна сигнализација при изградба на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип.

Набавката ќе биде објавена во текот на месец септември, 2019 година и очекуваме потпишување на договор со најповолен понудувач кон крајот на октомври 2019 година.

По потпишување на договор со најповолен понудувач, ќе се постават табли со името на автопатот „Гоце Делчев““, велат за еМагазин од владината прес служба.

Вкупната должина на оваа автопатската делница изнесува 47 километри со два коловози, со ширина на коловозот од 10,7 метри, со две возни ленти и лента за застанување со разделен појас од четири метри меѓу двата коловози. Вкупната дебелина на асфалтниот слој изнесува 19 сантиметри.

Овој автопат има седум клучки кај Миладиновоци, Средно Коњаре, Преот, Свети Николе-север, Свети Николе-југоисток, Кадрифаково и Три чешми.

На автопатот има пет големи вијадукти, еден голем мост на река Пчиња, уште неколку помали моста, 13 натпатници, 35 потпатници и повеќе од 146 плочести цевасти пропусти.

Градежните активности на автопатот Штип – Миладиновци се одвиваа вкупно 4 години и 8 месеци, од мај 2014 до декември 2018 година, при што најголем интензитет на градење се случувал во периодот од 2017 до 2018 година.

На оваа автопатска делница првично имала вредност од 226,7 милиони евра, но направена е заштеда од 44 милиони евра со што овој автопат е реализиран со вкупно 177,3 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Импресивна снимка од новиот автопат Миладиновци-Штип

„Гранит“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за докомплетирање на автопатот Миладиновци-Штип вреден 5,7 милиони евра

Фото: Министерство за транспорт и врски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наскоро идентификациски број за Отворен Балкан за граѓаните на Македонија

Редакција

Следните денови времето сончево со значително повисоки дневни температури

Редакција

Во училиште ќе може да се запишат единствено деца кои се вакцинирани

Редакција