еМагазин
Image default
Бизнис

Азески: Политичките случувања не влијаат врз бизнисот со Бугарија

Политичките случувања со Бугарија не влијаеја врз коморското работење зашто во овие 30 години научивме дека треба да се бавиме со нашите надлежности за кои од политичките односи единствено се важни владеењето на правото и функционирањето на правната држава, порача денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија (СКМ), Бранко Азески.

-Ние немаме никакви проблеми во соработката со бугарските бизнисмени и сакаме инфраструктурно да ги поттикнеме владите на двете држави да работат на поврзување на земјите како со сите останати.

На тој план ќе ги интензивираме активностите и преку коморите и на тој начин ќе придонесеме да се зголеми трговската размена, рече Азески во одговор на прашање дали се чувствува некакво влијание од последните случување со Бугарија врз бизнисот и трговската размена, по потпишувањето меморандум за соработка со МАНУ.

Посочи дека се за НАТО и ЕУ, но и оти бараат и нови пазар за да обезбедат, како што рече, дисперзија на ризикот.

-Тоа се долготрајни процеси на кои работиме. Што се однесува до соседите во кои ја вклучувам и Бугарија може да кажам дека Договорот од ЦЕФТА не ги даде очекуваните резултати и практично размената со земјите од соседството не е зголемена.

Затоа правиме акциски план за наредната година со Бугарската комора да интензивираме некои активности исто како и со Српската, Косовската, Албанската и Грчката комора за да се зголеми размената која веќе десетина години се движи вкупно околу 300 милиони евра со сите соседи, прецизира Азески.

МИА/Фото: СКМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер „тежок“ 43.000 евра: „Евроинс осигурување“ ќе ги осигура возилата на СОЗР на Владата

Редакција

Во блок-трансакција вредна 1,2 милиони евра продадени 7.016 акции од „Алкалоид“

Редакција

НЛБ Банка единствена со достава на домашните платежни картички директно до домовите на корисниците

Редакција