еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Баба Марица менува 4 автобуси и поминува 14 километри за да го носи внучето во школо за деца со попреченост, ѝ треба помош

Моника Чекаловиќ на нејзиниот фејсбук-профил упати апел за помош на баба Марица, на која ѝ е потребно да ѝ се направи купатилото, за да не ги капе внуците во дневна соба, за кои се грижи откако ги напуштила мајка им.

„Оваа прекрасна бабичка е баба Марица. Баба Марица е синоним за храброст! Таа се грижи за своите внучиња кои мајката ги напушта многу мали. Девојчето има попреченост, но баба Марица никогаш не се откажа од неа. Секојдневно ја носи во посебно училиште за деца со попреченост кое е одалечено 14 километри од селото каде што живеат..Менува четири автобуси секојдневно.

А во меѓувреме се грижи за својот неподвижен сопруг, за својот син и внуци, за домаќинството, за тоа да не ја изгубат надежта! Баба Марица е скромна жена, со нелагодност ја прифаќа нашата помош.

Овој пат не замоли ако можеме да и го направиме тоалетот, за да не ги бања дечињата во корито во дневната соба и да не излегуваат во полското вц навечер. Ни требаат материјали, синот сам ќе се погрижи да го уреди! (плочки, лепак, лавабо, туш кабина, вц школка, цевки),“ пишува Чекаловиќ.

Бидејќи таа нема оставено подетални информации за помошта и каде баба Марица може да се најде секој што сака да помогне нека ја исконтактира Моника на нејзиниот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Проект Среќа“ ќе помогне да ѝ се направи купатилото на баба Марица, за која упативме апел поради нејзината состојба

фото: Фејсбук/Чекаловиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје со препораки поради загадениот воздух

Редакција

Сушите уриваат рекорди: Пресушија делови од реката Јангце, нема врнежи во голем дел од светот, ќе имаме се потопло време

Редакција

МАНУ одби да си го смени името, не сака „Северна“

Редакција