еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бахамите и Бермудите ги „напумпаа“ странските инвестиции во Македонија

Со вложувања во износ од 45 милиони евра, Бахамите се најдоа на врвот на листата странски инвеститори во Македонија во периодот јануари-септември годинава.

На второто место е Турција со инвестиции од 36 милиони евра, а на третото место се Бермудите со инвестиции од 29 милиони евра.

Потоа следуваат Словенија со вложувања од 25 милиони евра и Германија со  инвестиции од 24 милиони евра.

Ако се земе предвид дека вкупните странски инвестиции во земјава заклучно со септември изнесувале 131 милион евра математиката покажува дека повеќе од половина од инвестициите односно 74 милиони евра дошле од Бахамите и Бермудите.

Овие егзотични државни некогаш биле прибежиште за пиратите, а денес се познати како даночен рај каде не се поставуваат многу прашања околку потеклото на капиталот.

Фото: sandals.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новизбраните уставни судии Бозаџиева и Скендер денеска почнаа со работа

Редакција

Починаа пет нови заболени од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 505

Редакција

66-годишен маж загина во сообраќајка кај Штип, неговата сопатничка тешко повредена

Редакција