Американската економија е во рецесија како резултат на глобалната пандемија од коронавируст, се вели во извештај на „Банк оф Америка“.
Извештајот е подготвен од аналитичари под раководство на Мишел Мејер, главен економист на банката, кои изјавија дека економијата во САД официјално е во рецесија.
Банката предвидува неизбежен раст на невработеноста и намалување на приходите на населението.
Во второто тримесечје се очекува пад на економијата од 12 отсто од бруто домашниот производ, додека за цела година се очекува пад од 8 отсто.
Аналитичарите предвидуваат „мошне споро враќање кон растеж“ после падот во април.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата на САД очекува епидемијата од коронавирусот да трае 18 месеци
Прекинот на работа на „Кромберг и Шуберт“ и „Дрекслмаер“ прв голем удар од корона вирусот
(Видео) Како безбедно да го исчистите смартфонот од евентуално присуство на корона вирусот?