еМагазин
Image default
Бизнис

Банките апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките за раздалеченост додека се реорганизираат

Македонската банкарска асоцијација апелира до граѓаните да ги посетуваат филијалите и експозитурите на банките само доколку тоа е неопходно, а во сите други случаи да се настојува да се користат услугите на електронското и на мобилното банкарство, коешто е бесплатно и деноноќно достапно.

„Преку овие услуги може да се вршат трансакции и за плаќање на сметки – услуга за која што повеќе граѓани сѐ уште ги посетуваат филијалите и експозитурите“, се наведува во соопштението на Македонската банкарска асоцијација.

При неопходна посета на банките, од асоцијацијата апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките за соодветна раздалеченост и препораките за самозаштита. Воедно, треба да се почитуваат насоките дадени со цел преку чекањето пред филијалите и експозитурите кога тоа е неопходно да не се загрози здравјето.

Од Македонската банкарска асоцијација повторуваат дека во период на епидемија на корона вирусот треба да се избегнува користењето готовина и при плаќања секаде каде што е можно да се користат платежни картички од страна на граѓаните.

Поради гужвите пред филијалите и експозитурите за исплата на пензиите и социјалната помош, банките поставија ознаки за соодветна раздалеченост меѓу граѓаните кои чекаат на ред и воведоа редарски служби каде што е потребно, а се издаваат и броеви за чекање во ред. Во текот на вчерашниот ден, пред некои филијали и експозитури мораше да се вклучи и полицијата во организирање на редовите за чекање.

„Во моментов се разгледуваат повеќе опции за соодветно натамошно организирање на работата, особено при следните исплати на пензии и на социјална помош кога бројот на клиенти кои што ги посетуваат банките е поголем“, посочуваат од банкарската асоцијација.

Тие препорачуваат граѓаните да ги следат сите идни информации од банките за реорганизацијата и промените во работното време, начинот на користење на филијалите и експозитурите, како и за режимот на работа при исплатата на пензиите и социјалната помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Отиде“ Македонија додека банките најдат „алтернативен“ начин за исплата на пензиите во готово

Фото/Фејсбук: Дејан Божиновски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ГТЦ во првите три месеци со добивка

Редакција

ЕЛЕМ распиша мултимилионски тендер за ископ во РЕК Битола

Редакција

Зголемување од 2,5 пати: „Макпетрол“ оствари добивка од 12,5 милиони евра

Редакција