еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Банките играат топло-ладно со каматите за новите кредити

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во текот на март, забележа месечно зголемување од 0,08 п.п. и изнесува 4,84%, додека споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е остварено намалување од 0,08 п.п, покажуват податоците на Народната банка.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,42% и на месечна и годишна основа се намали за 0,14 п.п. и 0,05 п.п., соодветно.

Во март, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,20 п.п. во однос на претходниот месец и изнесува 4,53%. Нагорната месечна промена се должи на зголемувањето на каматните стапки на кредитите во странска валута и на денарските кредити без валутна клаузула (од 0,64 п.п. и 0,25 п.п., соодветно), при остварен пад кај каматната стапка на денарските кредити со валутна клаузула (од 0,30 п.п.).

Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,08 п.п.

Во март, просечната каматна стапка на новоодoбрените кредити на домаќинствата изнесува 5,49% и забележа месечен пад од 0,05 п.п. Надолната промена во целост се должи на намалувањето на каматната стапка на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,07 п.п.), во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута и на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,19 п.п. и 0,01 п.п., соодветно).

Просечната каматна стапка на новоодoбрените кредити на домаќинствата е пониска за 0,07 п.п. во однос на март минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување: Колкави се платите во ИТ секторот

Редакција

(Галерија) Кои се најдобрите кафулиња во Скопје

Редакција

Само во Македонија: Од затворот Идризово извршиле 26 измами

Редакција