еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Банките со препораки за заштита на податоците, при користење на платежни картички на Интернет

Македонската банкарска асоцијација (МБА) се приклучува на апелите за внимание околу актуелната кампања за smishing (SMS phishing) за корисниците на платежни картички.

„Согласно искуството кое клиентите го пријавуваат, до нив стигнува СМС порака на македонски јазик од SMSinfo во врска со „погрешна адреса“ на пратка заедно со линк кој води до лажна веб страница наменета за нелегално преземање на податоци за картички и други лични податоци,“ се вели во соопштението на МБА.

При користење на платежните картички на интернет постојат неколку задолжителни проверки кои мора да бидат направени: веб страницата треба да биде безбедна (да има иконка катанец пред името), проверка на називот на веб страницата (посебно делот после точката дали е логичен или намерно направен да ве измами), користете сигурна интернет конекција (по можност приватна), доколку се сомневате во веродостојноста на понудата не внесувајте детали од картичката (на пр. телефонски уред за 1 денар, сместување за неверојатно ниски цени, бесплатен авионски билет и сл.), проверувајте ја состојбата на вашите платежни сметки поврзани со картичките редовно и поставете си лимити за користење на картичките преку интернет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел од МВР: Појава на „фишинг“ напади – обид за измама со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева избрани за уставни судии

Редакција

(Мапа) Кавадарци и Неготино со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Посети во ковид-центрите се забранети, во тетовскиот роднини на заболените им биле придружба

Редакција