еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груби во „лов“ на шест пратеници за уставни измени

Во моментов 74 пратеници во Собранието се „за” уставните измени и ќе успееме да ги обезбедиме гласовите на уште шест пратеници од македонската опозиција, кои недостигаат за двотретинско мнозинство, истакна првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

– Шестмината ќе ги најдеме во проевропскиот дел на опозицијата, каде тој европски дух е во растеж и тоа е очигледно. На кого мислам? На македонската опозиција. Дали мислам на пратеници на ВМРО? Македонската опозиција не е само ВМРО, рече тој во вчерашното госување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

На прашањето дали мислат дека ќе добијат гласови и од Левица, Груби одговори дека во опозицијата има и други политички партии во рамките на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ја имате Социјалистичката партија, ја имате српската партија, ја имате ромската партија, имате други партии, има и независни пратеници, рече Груби.

За тоа дали со оставката на Горан Милевски од министерска функција се отвори патот и за мала реконструкција на Владата, тој со став дека не е планирана никаква владина рекострукција.

– Немало разговори во владата за такво нешто. Нема планирани промени, не само во владата, туку и на директорските места, изјави Груби.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ обвини за два нови случаи на непотизам во Неготино

Редакција

Убава вест: Оздравени 21 пациент кои боледуваа од корона вирусот

Редакција

Какви нарушувања на изборниот процес досега регистрираше МВР

Редакција