еМагазин
Image default
Бизнис

Од БЕГ велат дека се уште не ги добиле субвенциите за парното

Субвенциите кои БЕГ Снабдување ги пресметуваше во фактурите за топлинска енергија во месец февруари, март и април 2022 година во висина од 99,6 милиони денари согласно Одлуката на Владата се уште не се исплатени, односно субвенцијата на потрошувачите на топлинска енергија до овој момент е на товар на компанијата, истакнуваат во соопштение од БЕГ по денешната изјава на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.

Од БЕГ посочуваат дека услугата снабдување со топлинска енергија за грејната сезона 2022/2023 се фактурира согласно последната Одлука донесена од страна на Регулаторна комисија за енергетика донесена на 29.07.2022 година.

– Воедно Ве информираме дека Одлуката на Владата за субвенционирање е истечена на ден 30.04.2022 година, односно не постои правен основ за аплицирање на субвенции во авансните августовски фактури до потрошувачите, велат од БЕГ.

Оттаму посочуваат дека редовна пракса е фактурите во месеците кога не се испорачува топлинска енергија да се доставуваат до потрошувачите на крајот од тековниот месец, а рокот за плаќање на истите како и секогаш е на 21-виот ден во следниот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РКЕ бара БЕГ да ги сторнира зголемените сметки за парно за август

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Солидарен данок не платиле 52 компании, ќе им бидат блокирани сметките на 24. ноември

Редакција

Цените на бензините и дизелот се намалува за половина денар

Редакција

ЈП за државни патишта склучи договор со „Илинден“ вреден над 3 милиони евра

Редакција