еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Бегајќи од полицијата од „ауди“ исфрлил 53 килограми марихуана

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, по претходно добиени оперативни сознанија, на 08.12.2020 во 13 часот во близина на с. Старо Лагово го лишија од слобода Ф.Д. (46) од с.Калишта, кој управувал патничко возило „ауди“, информира МВР.

„На даден знак од полициски службеник да застане, Ф.Д. не застанал туку продолжил со движење и потоа исфрлил две торби со марихуана со вкупна тежина од околу 53 килограми.

По преземени мерки, возилото е запрено, а возачот приведен. По документирање на случајот, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Косовската полиција фрли солзавец кон вработени во општината Звечан, на Косово повторно тензично

Редакција

Алијанса за Албанците денеска избира в.д. претседател: Села се повлекува од лидерската позиција, но не и од политиката

Редакција

Катастарот вработува шест државни службеници, плата до 25.023 денари

Редакција