еМагазин
Image default
Свет

Белгија се затвора за патници од Бразил, Индија и Јужна Африка

Белгиските власти денеска одлучија да го забранат влезот во земјата за патниците од Индија, Бразил и Јужна Африка, со цел да се запре ширењето на новите видови на коронавирусот.

– Транспортот на патници со авион, воз, брод и автобус, вклучувајќи го и транзитот, од Индија, Бразил и Јужна Африка до Белгија ќе биде забранет, изјави белгискиот премиер.

Како што се додава, министерот за внатрешни работи што е можно поскоро ќе го објави указот за забраната за доаѓање.

Белгијците кои живеат во овие три земји можат да се вратат во земјата, но ќе мора да бидат тестирани и ставени во карантин.

Забраната не се однесува на одредени професии, што се поврзани со транспортот, морнарите, дипломати или членови на меѓународни организации.

„Федералната влада внимателно го следи развојот на епидемиолошката состојба. Планирани се натамошни консултации на ниво на ЕУ, особено со соседните земји, со цел да се постигне координиран пристап”, се додава во соопштението.

Според здравствените власти, во Белгија во моментов наjраспространет е британскиот вид на коронавирусот (86 проценти), а по него следи бразилскиот (4,9 проценти) и јужноафриканскиот (3,7 проценти).

МИА/Фото: Photo by François Genon on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поплавите во Германија досега однесоа 133 животи

Редакција

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка, падна Владата

Редакција

За едно деноноќие 345 починати во Италија, 168 во Шпанија

Редакција