еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат за половина денар за литар, и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 67 денари за литар, а малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 69 денари за литар, соопшти Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси.

Малопродажната цена на „еуродизел“, не се менува, односно останува на исто ниво и се продава за 58 денари за литар.

Со одлуката на Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,76 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени акции од Комерцијална банка

Редакција

Буџет 2019 година: Владата ќе потроши 3,5 милиони евра на „Скопје 2014“

Редакција

Во првото полугодие најмногу преставки за исплата на штети од автомобилска одговорност и за осигуран имот, парични казни за две осигурителни компании

Редакција