еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 85 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 87, Еуродизел (Д-Е V) за 79,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 79 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,76 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,791 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,452 отсто, кај дизелот има зголемување за 1,731, кај Екстра лесното масло за 2,06 и кај мазутот зголемување за 1,528 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,512 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За два дена две жртви на патот Штип-Кочани, СВР Штип со апел до учесниците во сообраќајот

Редакција

„Либерти“ оствари добивка од 6,8 милиони денари за девет месеци

Редакција

Живко Мукаетов купи 723 акции од Алкалоид

Редакција