еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Зошто јогуртот со пробиотици e толку потребен во летните месеци

Разновидна и балансирана исхрана е формулата за здрав живот и за регулирање на процесите во организмот. Во зависност од тоа како и со што се храниме, така и се чувствуваме.

Исхраната и сето она што како намирница го внесуваме во организмот влијае на виталноста на организмот, на енергичноста, на нивото на расположение, на способноста да се справиме со стресот и секојдневните предизвици и воопшто на добрата психофизичка состојба.

Така, со откривањето на моќта на исхраната се развиваат производи кои покрај хранливата имаат и здравствена функција, а тоа е функционалната храна.

Најчестата состојка во функционалната храна и воедно најраспространета се пробиотиците, и тоа заради нивната способност да воспостават рамнотежа во дигестивниот систем и да ги регулираат процесот на варење на храната, а преку тоа и на сите останати процеси во организмот. Токму поради ваквите карактеристики и улогата на пробиотиците, се повеќе се препорачуваат и од докторите и од нутриционистите.

Постоењето и препораките за функционалната храна е доказ дека внесувањето пробиотици и пробиотски култури е многу поефикасно кога се дел од исхраната, а една од најдобрите комбинации на пробиотски култури е таканаречениот комплекс Bifido Digestio. Оваа формула ги содржи двете најкорисни пробиотски култури Lactobacillus acidophilus (LA) и Bifidobacterium (BB) и уште пребиотикот олигофруктоза, наменета е за добро дигестивно здравје и за постигнување баланс во организмот, а е застапена во јогуртот Баланс+.

Делува така што пробиотиците создаваат баланс во дигестивниот систем и на тој начин ја подобруваат неговата работа и ги олеснуваат проблемите во дигестивниот тракт, а пребиотикот олигофруктоза како храна за пробиотиците го засилува нивното дејство и функцијата во борбата против лошите бактерии.

За користа од консумирање Баланс+ сведочат и заклучоците од клиничката студија. Имено единствено за овој јогурт е направено ова клиничко испитување со кое што се следат ефектите што ги има врз организмот. Според оваа студија по само 10 дена редовно внесување Баланс+ во исхраната по 500 грама, наеднаш или поделено во два оброка, работата на целиот дигестивен систем се регулира.

Пробиотиците се решение за многу тегоби во дигестивниот систем, ја штитат цревна микрофлора и ја регулираат апсорпцијата на хранливи материи. На овие придобивки се надоврзуваат и оние што произлегуваат од составот на Баланс+, протеини, калциум и витамини. Сето тоа придонесува со редовно консумирање на Баланс+ да го имате најсилниот сојузник на доброто варење и рамнотежата во организмот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска претпладне магловито, попладне ветровито

Редакција

Министерство за здравство со препораки за екстремно топлотниот бран

Редакција

Минатата недела 145 случаи на Ковид-19, едно лице починало

Редакција