Цената на бензинот „Еуросупер БС-95“ се намалува за 2,50 денари, додека цената на бензинот „Еуросупер БС-98“ се намалува за 2 денари.
Цените на дизелот, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Од ноќеска на полноќ, новата цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 82,5 денари, на „Еуросупер БС-98“ ќе изнесува 85 денари,a na дизел горивото ќе изнесува 74 денари.
Со одлуката, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05 проценти во однос на одлуката од 18 април оваа година.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.