еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поевтинуваат за денар, дизелот за половина денар

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 59,5, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 59 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,977 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,619 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет акции со најголем пораст на Македонската берза

Редакција

Регулаторна комисија за енергетика почна постапки за одземање на лиценците на двајца снабдувачи со струја

Редакција

Мерките во ковид-кризата ги намалиле приходите во буџетот за 23 милиони евра, а ефектите се немерливи, велат од Државна ревизија

Редакција