еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поевтинуваат за половина, а дизелот за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 проценти во однос на одлуката од 26 октомври.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат за половина денар за литар, додека малопродажните цени на еуродизел и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар.

Од вечерва на полноќ цената на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 58 денари за литар, на „еуросупер БС-98, 60 денари за литар, а на дизелот 49,50 денари за литар.

„Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат намалување: кај бензинот за 7,942 проценти, дизелот за 6,299 проценти, екстра лесното масло за 6,930 проценти и кај мазутот намалувањето е 6,467 проценти.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,181 проценти„, велат од РКЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови правила за работа на компаниите кои даваат поштенски услуги

Редакција

(Фото) Рамсторе отвори уште еден маркет во Охрид

Редакција

„Технокомерц“ лани со добивка од 4,3 милиони денари

Редакција