еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39 отсто.

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за половина денар.

Со ова, новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ од утре ќе изнесува 58,50 денари за литар, малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 60,50 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот останува иста, односно 50,50 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата „Спид“ го доби тендерот на Владата за привремени вработувања вреден 287.000 евра

Редакција

Финансискиот пазар „не спие“: „Генерали инвестмент“ ја купува „Илирика фонд менаџмент“

Редакција

Без негативен ПЦР-тест за влез во Грција само возачи на товарни моторни возила

Редакција