еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денари за литар, а дизелот поевтинува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 92 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 94, Еуродизел (Д-Е V) за 86, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 84 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,258 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 52,436 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините во просек за 1,334 отсто и намалените кај дизелот во просек за 1,84 отсто, како и за околу 0,307 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем пад на прометот на Македонската берза во март

Редакција

Дел од цигарите покачени за 10 денари

Редакција

Усрула фон дер Лајен: Го поздравувам позитивниот моментум помеѓу Бугарија и Македонија

Редакција