еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поскапуваат за 2,5 денари по литар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,8 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 94,5, а Еуросупер БС-98 ќе се продава за 96,5 денари за литар. Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат и остануваат 86, односно 84 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,903 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 54,339 денари.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините во просек за 4,216 отсто и кај дизелот во просек за 0,65 отсто, како и за 0,619 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради доцнење на изведбата, Банката на Советот на Европа се повлекува од финансирањето на штипската Клиничка болница

Редакција

Заев и дел од министрите до 12. август на одмор

Редакција

Нови 139 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција