Цените на бензините од полноќ се зголемуваат за два денари за литар, а на дизелот за денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
За еден денар поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство.
Новата цена на „Еуросупер БС-95“ ќе биде 86 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ ќе се продава по цена од 88 денари за литар, а дизелот по цена од 87 денари за литар.
Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 85 денари за литар.
Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,510 ден/кг и сега ќе изнесува 52,294 ден/кг.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.