еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот иста

Бензините и eкстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергатика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 отсто.

Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 изнесува 58,5 денари, еуросупер БС-98 ќе се продава за 60,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,5 денари за литар.

Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V), не се менува, односно останува 49,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,365 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,196 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемената референтна цена кај бензинот во просек за околу 1,421 отсто и кај дизелот за околу 1,816 отсто, како и за 0,469 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најголемите акционери во „Македонијатурист“: Колку акции поседуваат Таневски, Беличанец, Копров…

Редакција

Индустриското производство во првите девет месеци поголемо за 0,9%, во септември помало за 0,5%

Редакција

Горивата поскапуваат за половина денар по литар

Редакција