еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Индустриското производство во првите девет месеци поголемо за 0,9%, во септември помало за 0,5%

Индустриското производство во септември годинава е намалено за 0,5 отсто во однос на истиот месец лани, а во првите девет месеци од годинава бележи раст од 0,9 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот  Рударство и вадење на камен во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, бележи опаѓање од 33,3  отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 5,5, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2 отсто.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, пак, производството бележи пораст кај Капитални производи за 49,9 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 25,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5,2 процента и Интермедијарни производи, освен енергија за 24,7 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По осумчасовна голгота на аеродром, Австралија не му издаде виза на Ѓоковиќ – денеска судење по жалбата

Редакција

Четири лица исчезнале на Кожуф, за среќа пронајдени живи и здрави

Редакција

Цветници или Врбица секогаш е една недела пред Велигден: Што се слави

Редакција