еМагазин
Image default
Бизнис

Македонски Телеком со зголемени приходи и намалена добивка во првите девет месеци

Македонски Телеком во првите девет месеци од 2022 година оствари раст и ја потврди лидерска позиција на пазарот во повеќето сегменти, информираат од компанијата.

-Приходите од продажбата се зголемени за 5,5 отсто во споредба со претходната година и изнесуваат 8,8 милијарди денари.

Сепак, ефектите од глобалните економски трендови и зголемувањето на цената на електричната енергија влијаеа врз оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA), која е намалена за 3,7% во споредба со истиот период од претходната година, велат од компанијата.

Првата и најголема 5G комерцијална мрежа во Македонија сега е достапна во 26 градови и нивните околини, а во поголемите градови и со гигабитни брзини, посочуваат од компанијата.

-Компанијата интензивно и посветено инвестираше и работеше на терен и го оставари предвидениот план до крајот на 2022 година да им овозможи на корисниците широк пристап до технологијата на најновата генерација.

Паралелно со мобилната расте и се развива оптичката мрежа. На крајот на првите девет месеци на 2022 година, овозможени се повеќе од 267 илјади пристапи до оптика што е за 11% зголемување споредено со истиот период од претходната година, велат од таму.

Македонски Телеком останува лидер на пазарот на ТВ услуги со удел од 34%.

-Атрактивната понуда на MaxTV содржини и уникатното ТВ искуство придонесуваат за континуирано зголемување на бројот на корисници. Во првите девет месеци од 2022 година се бележи зголемување за 1,8 отсто со што вкупниот број на корисници е 147,6 илјади.

Континуираниот раст продолжува и во мобилните и интернет услуги. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,7 проценти и изнесува 202,9 илјади, а за 3,5 отсто зголемен е вкупниот број на интернет пристапи.

Во мобилните комуникации, базата на корисници е зголемена за 6,9 отсто, со што бројот на корисници достигна 1.3 милиони. И во фиксната телефонија остануваме на лидерска позиција со 226,5  илјади корисници.

Продолжува трендот на забрзан раст и користење на ИКТ и Cloud решенија и услуги, што ги зголеми приходите од системска интеграција и ИТ услуги за дури 67,7 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Позитивниот тренд во ИКТ сегментот се должи на зголемените приходи од ИКТ проекти, како што е паметен град, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР склучи два договори со Македонски Телеком вредни околу 5 милиони евра

5G за секого: Македонски Телеком ги претставува T Phone и T Phone Pro

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оштетените штедачи од Еуростандард Банка бараат закон за нивно обесштетување

Редакција

Распродажба во УЈП: Се нудат запленети автомобили, товарни возила, деловен простор…

Редакција

Завршни зборови на судењето меѓу грчки „Интеркат“ и штипски „Бетон“

Редакција