еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Берни Сандерс „седи„ на клупа во Скопје: Мемињата со американскиот сенатор хит и во Македонија

Додека бројни учесници на инагурацијата на новиот американски претседател Џон Бајден беа „стокмени„ од глава до пети, американскиот сенатор Берни Сандерс, кој пред неколку години беше и еден од кандидатите за претседател на САД од Демократската партија, седеше изолиран настрана со прекрстени нозе и раце, облечен во скромна јакна и со дебели ракавици на рацете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американскиот сенатор Берни Сандерс „нурка“ во Охридското Езеро

Тоа беше доволно мемиња со него да ги преплават социјалните мрежи ширум свет и во Македонија, а покуси не останаа и од Град Скопје, кои на својот Фејсбук профил, објавувајќи фотографии од новите клупи низ градот, го „вметнаа“ и Сандерс.

Тој пак ја искористи големата популарност и почна да собира пари за хуманитарни цели, продавајќи облека со мемето, а за американските медиуми за неговиот „моден стил“ изјави:

„Ние во Вермонт знаеме нешто за студот. И не сме толку загрижени за добрата мода. Само сакаме да се стоплиме“.

Еве дел од твитовите во Македонија:

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ни Меркел не го предомисли Мицкоски за договорот за името со Грција

Редакција

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на ДСЗИ, одлучи Владата

Редакција

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Редакција