еМагазин
Image default
Македонија

Берово со најмногу новозаболени од Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион

Општина Берово денеска е општината со најмногу новозаболени од Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион. Вкупно тројца граѓани покажаа позитивни резултати кои според надлежните  од беровскиот здравствен дом се асимптоматски случаи.

-Бројката не е загрижувачка, но покажува дека сега поради контактите на новозаболените ќе има нови тестирања кои се надеваме ќе бидат негативни. Денеска, освен тројцата новозаболени имаме и еден оздравен пациент. Вкупно во нашата општина имаме 22 активни случаи на коронавирусот, информираат од Здравствениот дом Берово.

Од околните општини денеска на листата со новозаразени од Ковид-19 се најде и Делчево каде има двајца новозаболени. Во Делчево има 73 активни случаи на коронавирусот, од кои има и граѓани кои територијално потпаѓаат под Македонска Каменица.

Вкупниот број на активни случаи во целиот Пијанечки-малешевски регион до денеска изнесува 113 случаи, од кои 18 се од Пехчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа нови шест пациенти од Ковид-19, вкупната бројка е 689

Нови 140 заразени со Ковид-19 од 1.397 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово

Убава вест: Оздравени 60 заразени од Ковид-19, најмногу од Скопје

МИА/Фото: Општина Берово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коѕијас до Мицотакис: „Македонскиот јазик“ официјално го предаде Нова демократија во 1977

Редакција

Бугарската агенција БТА испраќа дописник и отвора прес-клуб во Скопје

Редакција

154 лица од заболените со коронавирусот во Македонија со хронична и здравствени состојби

Редакција