еМагазин
Image default
Македонија

БЕСА ќе даде поддршка за законот за јавно обвинителство, ако СЈО остане независно

БЕСА најави дека ќе го поддржи новиот закон за јавно обвинителство доколку  Специјалното јавно обвинителство (СЈО) остане да функционира како независна институција, а не како составен дел од ЈО.

Пратеникот од БЕСА, Фалид Зендели денеска во изјава за медиумите во Собранието рече дека партијата е подготвена да даде поддршка за СЈО да продолжи да работи со полн капацитет, да им се продолжи рокот за иницирање на постапки, а „бомбите“ и натаму да бидат користени како докази во постапките.

Доколку СЈО стане дел од Јавното обвинителство, според БЕСА, ќе се претопи во Јавното обвинителство кое, како што посочуваат оттаму, и досега беше нефункционално. Зендели додаде дека тие како партија ќе бараат гаранција од Владата дека се залагаат за неселективна правда.

Во „бомбите“, потенцира пратеникот Зендели, слушнавме дека многу функционери на ДУИ се вплеткани во криминал, но за нив нема постапки.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стевановиќ: Ако мерките не се почитуваат и никој не санкционира, бројот на заболени од корона вирусот ќе биде ист

Редакција

Запалено службеното возило на директорот на Идризово, пожарот зафатил и дел од зградата каде живее

Редакција

Детална листа: Како изгледа бројот на заразени со коронавирусот во Македонија по градови

Редакција