еМагазин
Image default
Македонија

Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави, апелира Филипче

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера за време на посетата во Прилеп, предупреди дека домашните прослави и групирања беа главна причина за време на првиот бран да се влоши епидемиолошката состојба и апелираше да не дозволиме повторно тоа да се случи.

Граѓаните треба да бидат максимално одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита кои беа донесени  на почетокот од месец ноември, порача тој.

„Со измените на Законот за здравствена заштита се забранува собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден.

Задолжително носење на заштитна маска на отворено и во затворени простории, како и одржување на лична хигиена, задолжително често темелно миење на раце со сапун и вода или средства за дезинфекција, одржување на физичка дистанца од два метри секогаш кога тоа е возможно. Одговорноста за заштита на сопственото здравје, здравјето на најблиските и јавното здравје е обврска на секој граѓанин,“ информираат од Министерство за здравство.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) “Твоја Македонија“: ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со 24 партии за престојните избори

Редакција

Владата нема да се спогодува со обвинетите од СЈО пред судот во Стразбур, ќе бара докажување на случаите

Редакција

Владата ги задолжи сите државни институции да ги користат услугите на Пошта

Редакција