еМагазин
Бизнис

БИМ Свети Николе со добивка

БИМ АД Свети Николе за периодот   јануари – јуни 2018 година оствари позитивен финансиски резултат, нето добивка по оданочување во износ од 19.167.000 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„За првите шест месеци од 2018 година остварен е приход од продажба во износ од 167.309.000 денари.По структура на застапеност, приходите од домашен пазар учествуваат со 65,92 %, додека од странскиот пазар со 34,08 %. Приходите од продажба на домашен пазар бележат пад од 6 % во споредба со истиот период од 2017 година, додека приходите од продажба на странскиот пазар бележат зголемување за 6% во споредба со 2017 година.

Оперативните расходите за првите шест месеци од оваа година изнесуваат 149.814.000 денари и бележат зголемување за 2% во однос на истиот период од 2017 година. Најголемо учество во расходите имаат потрошените суровини и репроматеријали и изнесуваат 122.170.000 денари„, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

М.Г. Фешн предложи свои кандидати за членови на НО на Македонијатурист, Доне Таневски не е меѓу нив

Редакција

Рамсторе Македонија: Има доволно залихи во нашите продавници, без паника

Редакција

Трајче Заев му ги продаде сите акции на Вице Заев во “Герас Цунев конфекција“ и „Герас Цунев трговија“

Редакција