еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Бимилк отвора уште една Balans+ Зона: Крива Паланка доби нов спортско-рекреативен простор

По отворањето на двете Balans+ Зони во Скопје и во Битола, Бимилк во соработка со Пакомак денес отворија уште еден спортско-рекреативен простор, овој пат на истокот од Македонија, во општина Крива Паланка.

Како локација за новата Balans+ Зона е избран кејот на Крива Река спроти главната магистрала во Крива Паланка. Донацијата вклучува поставување повеќе справи за рекреација и одржување на балансот на телото под брендот на „Balans+“, како и уредување на овој дел од градот.

„Среќни сме што развивме соработка со Општина Крива Паланка во насока на отворање нови содржини за жителите на овој град и разубавување на градот. Ова спортско катче е дел од стратегијата на компанијата да допре до колку што е можно поголем број граѓани од целата држава и да ги поттикне на спорт и рекреација, како начини на здраво живеење.

Преку нашиот бренд ‘Balans+‘ континуирано ги истакнуваме придобивките од редовното консумирање здрава исхрана, па веруваме дека новата спортско-рекреативна зона под брендот на ‘Balans+‘ ќе ја пренесе нашата порака за важноста од практикување спортски активности, како начин за постигнување баланс на телото“, истакна Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, по повод отворањето на новата Balans+ Зона истакна: „Оваа донација од Бимилк во соработка со Пакомак е од исклучително значење за граѓаните на Крива Паланка не само поради тоа што сега градот има ново место за спорт и рекреација, туку целиот овој простор на кејот е разубавен и стана поатрактивен за посета и за разонода од страна на сите наши сограѓани.

Здравиот начин на живеење, зголемените физички активности и позитивните животни навики ќе придонесат за создавање идни здрави генерации. Во исто време се надеваме дека оваа донација ќе биде поттик за инвестирање и покажување на својата општествена одговорност и од страна на други компании во државата“.

„Веруваме дека отворањето на новата Balans+ Зона во соработка со Бимилк ќе ги поттикне граѓаните на Крива Паланка да инвестираат во себе и во своето здравје, а со тоа да ја зголемат и грижата за околината во која живеат, како и создавањето чувство на одговорност кон амбалажниот отпад“, истакна Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак, Друштво за управување со пакување и отпад од пакување.

Од Бимилк и од Пакомак упатуваат отворена покана до жителите на Крива Паланка и до околните градови да ја посетат новата Balans+ Зона со цел искористување на придобивките од редовни физички активности за себе и за сопственото здравје, но истовремено и за подигнување на свеста за грижа за околината.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казино „Фламинго“ и хотел ќе ги отстапи собите како место за изолација и карантин

Редакција

Објавени три едиции книги и сликовници со „Стела и Сани“ во издание на Паблишер

Редакција

(Фото+Видео) Кога на среќата ѝ нема крај: Хилал му кажа чао на хематолошкото одделение и си оди дома здрава и насмеана

Редакција