еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Блокадата на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ не е инстант акција, во понеделник партијата ќе ги соопшти следните чекори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска најави дека в понеделник на седница на партискиот Извршен комитет ќе се отвори дискусија за следните чекори што ќе ги преземе партијата во однос на блокадата на Собранието.

Во изјава за медиумите, Мицкоски рече дека остануваат на ставот да се блокираат сите закони кои ВМРО-ДПМНЕ ги смета за штетни, но нема да бидат блокирани оние законски решенија кои се од интерес на граѓаните. Ова е стратегија што ќе трае, нема да биде инстант акција, истакна Мицкоски.

– Се што не е од интерес за граѓаните, ние ќе го блокираме во Парламентот, како прв чекор. Во понеделник, ќе имаме седница на Извршниот комитет и ќе отвориме дискусија за вториот и за третиот чекор. Ова е стратегија што многу ќе трае. Нема да биде инстант акција која што ќе заврши денеска или утре. Не очекувам дека луѓето туку така ќе ја напуштат фотелјата, изјави Мицкоски.

Тој побара на пленарна седница на Собранието да се стави законот за заем од Светската банка, со кој 63 милиони евра треба да бидат вложени во општините за нова инфраструктура.

– Нека го стават законот на гласање и нека го поддржат затоа што народот одлучил ВМРО-ДПМНЕ да има 50-тина општини каде што ќе биде власт. Тој закон ќе го поддржиме затоа што 63 милиони евра ќе бидат вложени во проекти, во подобри услови за живот на граѓаните, рече Мицкоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Серија земјотреси денеска меѓу Лерин и Битола, најсилниот 3 степени по Рихтер

Редакција

За референдумот за името право на глас имаат 1.806.336 гласачи

Редакција

Полска повеќе нема да испорачува оружје на Украина

Редакција