еМагазин
Image default
Македонија

Боки 13 со прашања до Русковска во отворено писмо: „Колку пати Камчев за „Империја“ бил во кабинетот на Заев, одговорот го имате во мојот телефон“

Осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јованоски (Боки 13) преку медиумите испрати отворено писмо до шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која и го водеше случајот „Рекет“.

Во писмото Боки 13 поставува неколку прашања меѓу кои:

„Дали лицето Зоран Заев од позиција на премиер извршил лично влијание и уцена врз Катица Јанева да бидат пуштени од затворски притвор Камчев, Мијалков и други лица? Го имате одговорот во мојот телефон, во мојата комуникација со Зоран Заев на апликацијата What’s app, каде зборуваме за омекнување на Катица Јанева, на ден 10.11.2018 (сабота). Разговорот го водиме јас и Зоран Заев во неговиот премиерски кабинет, па потоа продолжува преку телефонска комуникација и преписка на What’s app.

Прашање број 2

Одговорете колку пати и со кого лицето Јордан Камчев бил во кабинетот на Заев и што се договарале Заев, Камчев и Зоран Милески Кичеец? Повторно мојот одговор го имате во мојот телефон. (Биле неколку пати пред да биде отворен предметот „Империја“ и пред да биде притворен Камчев за „Империја“ и токму со Заев постигнале договор за случајот „Империја“ и лично ветување од Заев дека нема да има кривичен прогон, бидејќи тој ја контролирал Катица).

Прашање број 3

Одговорете дали знаете дека токму Зоран Заев му ветил на Камчев и на Кичеец во присуство на „бугарските пријатели“ дека нема да биде процесиран предметот „Империја“ и што договориле за возврат?

Прашање број 4

Одговорете дали знаете дека бугарски државјани, лица од бугарската служба и советник на Бојко Борисов (за мене, за Камчев и за Заев добро познато име, добро познато ви е и на вас), со помош на Зоран Заев извршија шпионажа и го нарушија суверенитетот на нашата држава при изведување на операцијата „Рекет“ поради лукративни и лични интереси?

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна печатењето на новите учебници, испораката целосно ќе се заокружи во ноември, велат од МОН

Редакција

Средба Ковачевски-Брнабиќ: Односите на Македонија и Србија на исклучително високо ниво

Редакција

(Фото) „Студирал во Белград, па ги водел терористите на македонската ОВК“: Регионалните медиуми за Талат Џафери

Редакција