еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Почна печатењето на новите учебници, испораката целосно ќе се заокружи во ноември, велат од МОН

Почна печатењето на учебниците за основно образование кои се нови и оваа учебна година прв пат ќе се употребуваат. Приоритет во процесот на печатење имаат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение, кои низ сложена неколкумесечна постапка се неодамна одобрени, а нивната изработка следеше по креирањето на нови наставни програми за овие одделенија, согласно планот за етапна реформа на основното образование, информираат од Министерство за образование и наука (МОН).

Како што велат од МОН, согласно Договорот со економскиот оператор, печатницата Европа 92, целосната испорака ќе биде заокружена во текот на следниот месец.

МОН наведува дека заедно со другите надлежни институции ќе продолжи да вложува во изработка на нови наставни програми и учебници, зашто тоа, нагласува, е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно – образовен процес.

Фото: МИА/МОН

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОРТРЕТ: Која е Санела Шкријељ, новата заменик министерка за труд и социјална политика

Редакција

Ахмети не го бендиса предлогот на Заев да прави заедничка влада со ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Се укинува и мерката за задолжителна изолација на лица што имале блиски контакти со позитивни на Ковид-19

Редакција