еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Борел: Денеска не е добар ден, поради Бугарија неможеме да отвориме преговори со Македонија и Албанија

Денеска не е добар ден, бидејќи требаше да го започнеме пристапниот процес со две земји, но не можеме, затоа што една држава го блокира целиот процес на проширување, изјави денеска во Брисел високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан.

Тој изрази незадоволство поради недостигот на напредок  во Бугарија во однос на отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија, додавајќи дека тоа покажува оти принципот на консензусот не е добро решение за носење одлуки во ЕУ.

– Овој случај уште еднаш покажа дека консензусот е проблем при одлучувањето. Не можеме да продолжиме, затоа што една земја блокира, потенцира Борел.

Тој истакна дека ЕУ мора да стори се за да го вклучи Западниот Балкан во „својот свет“, нагласувајќи дека тоа ќе може да се направи со покана на земјите од регионот да учествуваат на состаноците на министрите за надворешни работи на ЕУ и на други собири.

– Мораме да продолжиме да го спречиме гаснењето на европскиот пламен на Западниот Балкан, потенцира Борел.

Сепак според него, има една добра вест, а тоа е напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина во сферата на енергетиката.

– Тоа е многу важен чекор напред и ќе продолжиме да работиме понатаму. Можно е да имаме состанок на највисоко ниво до крајот на месецот, додаде европретставникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама: Срамно е што една членка на НАТО киднапира две земји сојузнички

Се што чувствувате вие во Скопје, чувстуваме и ние во Белград, не сум сигурен дека ќе има решение за Македонија, вели Вучиќ

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 63-годишна возраст почина новинарката Гордана Стошиќ

Редакција

(Фото) Македонка од Шведска со уникатни парчиња го освојува модниот свет

Редакција

Има куќа-подарок, вози Пежо 307: Каков имот пријавил Спасовски, идниот министер за внатрешни работи

Редакција