еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија

Во Бугарија попладнево заврши обработката на сите протоколи на Секторските изборни комисии во Регионалните изборни комисии (РИК) за вчерашните парламентарни избори, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК) на својата Интернет-страница, а победник на овие петти избори во последните две години е коалицијата „ГЕРБ-СДС“, предводена од поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.

Според податоците на ЦИК, коалицијата ГЕРБ-СДС освоила 669.361 глас или 26,51 отсто од избирачите кои го остварија своето право на глас, а потоа следи коалицијата „Промените продолжуваат (ПП) – Демократска Бугарија (ДБ)“ со 619.592 гласа или 24,54 отсто.

На трето место е „Преродба“ со 357.167 гласови или 14,15 отсто, а на четврто е „Движење за права и слободи“ со 346.437 гласови или 13,72 отсто. „БСП за Бугарија“ го зазеде петтото место со 225.814 гласови или 8,94 отсто, а зад неа, како шеста партија која ќе влезе во новиот бугарски Парламент, е партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов со 103.641 глас или 4,11 отсто.

Партијата „Бугарски подем“ со 77.804 гласови или 3,08 отсто и „Левица!“ со 56.453 гласа или 2,24 отсто остана под цензусот за влез во парламентот – четири отсто.

На овие избори 108.842 избирачи се одлучиле за опцијата „Не поддржувам никого“ .

Излезноста на вчерашното изјаснување во Бугарија беше 40,63 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборите во Бугарија без јасен победник, проруските сили добиваат поддршка

Во Македонија “победи“ Бојко Борисов, гласаа 453 македонски Бугари

МИА/Фото: Фејсбук/Борисов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата по Петар, објавен телефонски број на кој може да се јават

Редакција

49-годишната жена од Куманово која почина од Ковид-19 била вакцинирана со една доза вакцина

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон со кој пратениците ќе имаат само македонско државјанство

Редакција