Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор (УО) на Охридска банка АД Скопје, поднесе оставка од функцијата член и претседател на УО на банката, информираат преку Македонската берза од Банката.
“Со одлука на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје, за нов претседател на Управниот одбор на Охридска банка е именувана Нина Неданоска, член на Управниот одбор на Банката.
Наведената измена во Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје стапува во сила на ден 07.11.2019 година“, велат од Банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повторно лажни наградни игри со злоупотреба на Охридска и Комерцијална банка
Извршена промена на сопственоста на Охридска банка АД Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.