еМагазин
Image default
Локално

Брат и сестра од Скопје обвинети за напад врз полицаец

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против брат и сестра од Скопје, кои на 20 јануари годинава извршиле напад врз службено лице – полицаец.

Обвинетиот 21-годишник и неговата 22-годишна сестра, како соизвршители, на 20 јануари во вечерните часови, нападнале и повредиле службено лице – полицаец кој извршувал работни задачи врз основа на наредба на подрачјето на полициските станици Бит Пазар и Чаир.

„Притоа, полицискиот службеник заедно со уште еден негов колега се обиделе да го легитимираат обвинетиот, кој им кажал дека нема лични документи со себе и започнал вербална расправија со нив.

Кога му било кажано дека ќе биде приведен во полициска станица со цел утврдување на неговиот идентитет, обвинетиот запонал да пружа активен отпор и се дал во бегство.

Кога полицаецот го стигнал и го совладал, обвинетата се обидела да му помогне на својот брат, па му задала неколку удари и гребаници на полицискиот службеник.

Во тој момент и обвинетиот повторно започнал да го удира полицаецот со тупаници по главата и градите, нанесувајќи му телесни повреди“, се вели во соопштението од ОЈО.

Двете лица се товарат за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали за убиството во Рашче: Починал на место откако му го изрешетале „Голфот“

Редакција

(Фото) МВР одзеде четири мотоцикли од „диви тркачи“ во Скопје

Редакција

Тројца со автомати му зеле торба со пари пред банка во Сарај

Редакција