еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 8 пациенти, а вкупно се лекуваaт 290

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани осум нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„Вкупно 290 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 2 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 2 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 94 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 8 пациенти,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 109 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанчев: Ајде да направиме амнестија, би гласал за уставните измени

Редакција

Бројката на починати во пожарот во ковид-центарот во Тетово се зголеми на 14, првично нема медицински персонал меѓу загинатите, велат од Обвинителство

Редакција

Судење за „27 април“: Обвинетиот Нинџа работел во УБК под псевдоним Самурај, имал и значка, пиштол и радиостаница

Редакција