еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Британија го казни ТикTок со 12,7 милиони фунти затоа што нелегално користел податоци од деца

Британски регулатор денеска ја казни кинеската социјална мрежа ТикTок со 12,7 милиони фунти поради „незаконско“ користење на лични податоци на децата, соопшти Канцеларијата на Комесарот за информации (ИЦО).

ИЦО верува дека ТикTок им дозволил на 1,4 милиони деца на возраст под 13 години во Британија да отвораат профили на нејзината платформа во 2020 година, спротивно на официјалните правила, и ги користеле нивните податоци без согласност на нивните родители.

Истрагата на ИЦО утврдила дека ТикTок не извршил „соодветни проверки за да ги идентификува и затвори профилите на деца“ кои се премногу мали за да ја користат неговата платформа.

– Во Велика Британија постојат закони кои ја гаратнтираат безбедноста на нашите деца во дигиталниот свет и ТикTок не ги почитуваше, се вели во соопштението на комесарот за информации на Велика Британија, Џон Едвардс.

Белата куќа, Европската комисија, канадската, британската и австралиската влада неодамна им забранија на нивните службеници да користат ТикTок на официјални телефони.

Норвешкиот парламент и шведската војска истото го направија минатата недела. САД го обвинуваат ТикTок, подружница на кинеската компанија ByteDance, дека е алатка на Пекинг за шпионирање и манипулирање со Американците.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На средба со Боки 13 во неговиот дом бил и министерот Венко Филипче, откри Камчев

Редакција

Новозаболените циркулирале низ цело Скопје, познати 90 отсто од контактите

Редакција

Каков имот пријавил Јани Нича, еден од судиите кои одлучуваа за пресудата на Мијалков за масовното прислушување

Редакција