еМагазин
Image default
Балкан

Еден од петте приведени антиваксери во Србија бил вакциниран

Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња – на Северна Македонија и испративме 8.000 вакцини на Фајзер и 40.000 вакцини Спутник В, што е за 24.000 граѓани, изјави српската премерка Ана Брнабиќ на ТВ Прва.

Брнабиќ додаде „дека ова нема никаква врска со политиката, но се надева дека ова ќе не зближи во иднина“.

„Народот од тие земји ја гледа таа подадена рака. Среќна сум што Србија е препознаена да може тоа да го направи и како единствена земја во светот што има таков вид солидарност„, рече Брнабиќ.

Таа најави дека во Србија утре пристигаат 106.470 вакцини Фајзер и 500.000 Синофарм, додавајќи дека вакцинирањето на граѓаните од регионот нема да продолжи, но дека и во иднина помошта ќе се дава.

Инаку, утрово медиумите повикувајќи се на одлуката на Министерството за здравство, објавена во Службен весник, објавија вест дека граѓаните на Република Србија кои планираат да патуваат во странство за време на Велингденските празниците, мора да имаат предвид дека кога ќе се вратат ги чекаат нови правила.

Како што беше соопштено, одлучено е да по враќањето од Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Унгарија, за српските граѓани задолжителен е ПЦР тест. Ова го демантираше премиерката Ана Брнабиќ, изјавувајќи дека оваа вест ја изненадила.

„Не е точно, немаме променето. Оние кои се ревакцинирани можат да влезат без ПЦР тест. За сите други на кои не им е потребен ПЦР тест, се државјани на Мини Шенген – Северна Македонија, Албанија, плус Унгарија и Бугарија“, изјави Брнабиќ.

Таа најви дека од утре во Србија делумно се ублажуваат епидемиолошките мерки.

Од утре, угостителските објекти на отворено ќе работат до 22 часот. Малку ги олеснуваме мерките, не премногу, кажа таа, наведувајќи дека 26 отсто од возрасните граѓани се вакцинирани со една доза, додека околу 19 отсто е ревакцинирани.

„Се надевам дека ќе го вратиме животот во нормала до крајот на јуни“, рече Брнабиќ.

Што се однесува до антиваксерите, пак, според неа, тие ја загрозуваат националната безбедност.

„Антиваксерите на социјалните мрежи ги загрозуваат безбедноста и животот на луѓето, шират паника, лажни вести и затоа ги уапсивме. Мислам дека тоа беше исклучително важна порака. Државата не може да апси луѓе кои размислуваат поинаку, а мирно се собираат на улиците“, изјави Брнабиќ.

Како што кажа таа, од петте антиваксери што се приведени, едно лице било вакцинирано, а истовремено ширело лажни вести против вакцинацијата.

МИА/Фото:Фејсбук/Брнабиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија во голема акција уапсени 5 антиваксери поради ширење паника за вакцините против Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Грчката полиција застрела во глава 16-годишно момче оти не платило сметка од 20 евра за бензин

Редакција

(ВИДЕО) Грција покриена со снег: Редок снег на Крф, Меторите, Солун…

Редакција

Топ тема во Грција: Три деца пријавиле сексуална злоупотреба во детска добротворна организација, која ја води свештеник

Редакција