еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Брнабиќ одби да биде дел од заедничката фотографија на учесниците на Самитот на Берлискиот процес

Српската премиерка Ана Брнабиќ одби да биде дел од официјалната фотографија на учесниците на Самитот на Берлинскиот процес, што се одржува во Тирана.

-Таа им се придружи на учесниците дури откако на плоштадот пред „Пирамидата“ почна настапот на фолклорните групи на малцинските заедници во Албанија. На овој начин таа ја следеше истата постапка на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, кога одби да се фотографира на форумот на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес, наведуваат медиумите.

Додаваат дека „причина за нефотографирањето на Дачиќ било знамето на Косово“.

-Околу еден час и 20 минути лидерите на ЕУ и Балканот уживаа во моментите од спектаклот што го приредија фолклорните групи, меѓу кои и на македонската, српската, ромската, грчката заедница. Тие го покажаа соживотот и зачувувањето на нивните традиции во Албанија, посочуваат медиумите.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прво Зоки-Кичеец, па Катица Јанева: Коинциденција или смислен потег?

Редакција

80 општини доставиле 357 проекти за реализација на инфраструктурни проекти со пари од државниот буџет

Редакција

Топ пет најголеми должници на новата Листа на должници на УЈП

Редакција