Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 91 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле се хоспитализирани 24 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две деца позитивни и пет со симптоми на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови, вкупно хоспитализирани се 131 пациенти. На респираторна машина се 10 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 123 пациенти од корона вирусот, најмногу од Куманово 92
Нови 120 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 64
Починаа уште четири нови лица од корона вирусот, вкупно до сега 306
Фото: МЗ