еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Бројот на новородени деца се намалил за 3%, помалку бракови од лани

Во третото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4.956 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица бележи намалување од 28,9% во споредба со лани, односно 5.145 лицa, од кои 12 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е -189 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината склучени се 4/614 бракови и нивниот број е намален за 5,1% во споредба со истиот период од 2021 година.

За третото квартал од 2022 се добиени 314 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 13 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

83% од новите случаи и 89% од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Редакција

„Селфи“ на Рама со Ковачевски: „Сè уште го чекаме Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада“

Редакција

Има загинати: Утрово сообраќајка на автопатот Штип – Миладиновци

Редакција