еМагазин
Image default
Бизнис

Бројот на туристи во ноември зголемен за 52%

Бројот на туристите во државава во ноември 2021 година изнесува 38.997, од кои 45,5 проценти се домашни, а 54,5 проценти се странски.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата во ноември 2021 година изнесува 90.693, од кои 49,3 проценти се од домашни туристи, а 50,7 отсто од странски туристи.

Во периодот јануари – ноември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 52 проценти. Кај  домашните туристи има зголемување за 19,6 проценти, а кај странските зголемувањето е за 145,6 проценти.

Според ДЗС, во периодот јануари – ноември 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 36,5 проценти, кај домашните туристи има зголемување за 14,6 проценти, а кај странските зголемувањето е за 164,7 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата им препорачува на работодавачите да организираат работа од дома

Редакција

Општина Штип вработува советник за возен парк со завршено образование-рударство

Редакција

(ВИДЕО) Музичарите и угостителите пред Владата поставија импровизиран ноќен клуб

Редакција